Новиот селектор на Англија, Томас Тухел, изјави дека играчот од средниот ред Џуд Белингем треба да биде малку подисциплиниран за да го достигне својот целосен потенцијал. 21-годишниот играч на Реал Мадрид веќе има 41 настап за Англија , погодувајќи шест пати.
Во петокот, тој асистираше за првиот гол на трите лава во победата од 2-0 над Албанија на почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 година во Мексико, САД и Канада. Во понеделник Англија ќе биде домаќин на Летонија.
„Џуд е секогаш подготвен да даде се за националниот тим, но и ние мораме да му помогнеме. Нашата игра мора да биде таква што тој може да има влијание, но и да ја зачува својата енергија и да биде подисциплиниран. Тој е еден од лидерите на нашиот тим и мораме да се погрижиме сите да се движиме во иста насока за да можеме полесно да си помагаме еден на друг. Тој е многу емотивен играч. Секогаш разговара со судиите. Кога е на теренот гледате дека мрази да губи. Затоа го прави сето ова”, додаде селекторот на Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА