Тухел: Би биле глупави ако веруваме дека можеме да бидеме шампиони

Челси продолжи со променливите игри во Премиер-лигата откако „сините“ ремизираа 1-1 на домашен терен со Брајтон, примајќи гол во судиското продолжение. Проблемите станаа уште поголеми откако стана јасно дека левиот бек Бен Чилвел е загубен до крајот на сезоната поради сериозна повреда, а на синоќешниот дуел се повредија и Џејмс и Кристенсен.

Заостанувањето зад лидерот Манчестер Сити изнесува огромни осум бода, а Томас Тухел јавно истакна дека веќе не верува дека „сините“ можат да стигнат до шампионската титула.

„Веќе немаме офанзивни бекови, сите се повредени. Н екои фудбалери се враќаат после изолација од коронавирус и мораат веднаш да играат. Како можеме да се тркаме? Имавме седум случаи на коронавирус во екипата, шестмина повредени на повеќе од еден месец. Во такви услови невозможно е да се бориме за титулата. Би биле глупави ако мислиме дека можеме да се носиме со Манчестер Сити и останатите ривали кои имаат поголем ростер. За титула не можеш да се носиш без 23 здрави фудбалери“, изјави Тухел.

Се вчитува...