Тренерот на Баерн Минхен Томас Тухел на почетокот на подготовките на тимот за новата сезона, беше брутално искрен кон своите играчи. Прашан за оние кои не играат добро, германскиот тренер изјави дека сите мора добро да се потрудат за да го заслужат местото во тимот.
Без многу криење, Тухел директно го впери прстот кон Садио Мане, Леон Горецка и Рајан Гравенберх, истакнувајќи дека очекува многу повеќе од нив.
„Садио Мане не ги оправда очекувањата. Конкуренцијата е голема и нема да му е лесно да се избори со местото меѓу првите 11. Знае за тоа, и тоа го мислам и јас и клубот. Има договор и сака да остане и тоа го почитуваме. Но, сешто може да се случи. Горецка и Гравенберх имаат договори со клубот. Грабенберх мора да биде на врвно ниво за да се избори за минутажа. Леон Горецка имаше лоша завршница на сезоната. Очекуваме многу повеќе од него. Конкуренцијата е голема“, изјави Тухел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

