Тухел одбил понуда од Бундеслигата

Откако доби отказ од клупата на Челси, Томас Тухел и натаму е без ангажман. Тој одлучи до крајот на сезоната да одмори, а потоа да се подготви за следните предизвици. Пред неколку дена се пишуваше дека ќе биде наследникот на Јулијан Нагелсман во Баерн Минхен, но „Баварците“ влегоа во серија, па така засега таму ќе нема смена.

Како што јавуваат германските медиуми, Баер Леверкузен испратил понуда до Тухел, но тој експресно ја одбил. „Фармацевтите“ лошо почнаа во првенството на Германија, па затоа веднаш бараат тренерско решение. Меѓутоа Тухел нема да биде нивното решение.

Минатата сезона екипата заврши како третопласирана, и избори место во ЛШ. Оваа сезона тимот се најде во зоната за испаѓање, и затоа ќе следува тренерска смена.

Се вчитува...