Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел ја коментираше петицијата која ја потпишуваат навивачите на клубот за негово останување на клупата и во следната сезона.
Претходно имаше информација дека петицијата стигна до 10.000 потписи. Истата се нарекува под името: „Тухел да остане, не го сакаме Рангник“.
„Среќен сум што луѓето сакаат да останам. Но, за мене тоа не е приоритет. Следните 11 дена ќе се посветам само на Лигата на шампионите и на Бундеслигата. Немам време за ништо друго. Има петиција, барање за билети, за тренер, но не сакам да го земам за изговор, но навистина имам многу работа. Целосно сум фокусиран кон успех, секој ден е важен“, изјави Тухел.
Тој го коментираше евентуалниот негов наследник Ралф Рангник.
„Да бидам искрен, ова прашање ми е како сосед кој прави врева во три часот наутро, а јас имам слушалки и не слушам ништо. Оваа тема нема да ми помогне многу за натпреварот во вторник и за оваа тема немам што да кажам“, рече Тухел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА