Томас Тухел ја почна својата авантура како селектор на Англија сосема успешно, со две рутински победи на стартот од квалификациите за СП 2026.
Германскиот стратег беше избор на раководството на ФА поддржан од голем дел од јавноста, но Тухел доби неочекувени критики од поранешниот стратег на Вест Хем и Портсмут, Хари Реднап. Поранешниот тренер, кој сега има 78 години, го ибвини селекторот дека е германски шпион, конструирајќии неверојатна „теорија на заговор“.
„Дали е Тухел добар селектор за Англија? Не знам, искрено, јас не сум негов фан. Мое мислење е дека тој е германски шпион. Сериозен сум, не се шегувам, јас навистина верувам дека тој е испратен овде да ја упропасти Англија. Некој го викнал и му рекол: Тухел, дојди овде и уништи ја оваа екипа“, истакна Реднап.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА