„Тухел е германски шпион во Англија!“

Познатиот англиски селектор Хари Реднап е во центарот на вниманието на англиските медиуми откако го обвини новиот селектор на Англија Томас Тухел дека е испратен германски шпион да ги уништи.

Одлуката за назначување на Тухел на кормилото на селекцијата на Англија наиде на различни реакции на Островот поради долгогодишното ривалство меѓу двете земји Германија и Англија.

Германскиот стручњак имаше успешно деби на функцијата со две победи над Албанија 2-0 и Летонија 3-0 во квалификациите за СП.

„Ми се допадна Герет Саутгејт, многу ми се допадна, но моравме да освоиме нешто. Да бидам искрен, мислам дека Тухел е германски шпион. Ви кажувам. Сериозно, тој беше испратен да не е*е. Ви велам, тој е како Лорд Хау-Хоу за време на војната“, изјави Реднап.

Се вчитува...