И покрај изјавите на челниците на Баерн Минхен дека Томас Тухел ја има довербата од раководството и дека нема да биде сменет, сепак, новинарите откриваат сосема нова приказна.
Откако е јасно дека титулите во првенството и во Купот на Германија се загубени, на Баерн му останува само Лигата на шампионите, а таму по првиот осминафинален меч „Баварците“ имаат негатива од Лацио со 1-0.
Рафаел Хонигштајн, инсајдерот за „Атлетик“ во Баерн, јавува дека Тухел е веќе сменет, и дека се очекува само дали Баерн ќе го активира краткорочниот или долгорочниот план. Краткорочниот е Ханс Флик, кој е без работа по отказот од германскиот национален тим. Многумина сметаат дека Флик нема да го повтори успехот од минатото, и дека ќе му биде понуен прво краткорочен договор, а Баерн ќе се обиде да го ангажира Чаби Алонсо од Баер Леверкузен од идната сезона да седи на клупата на гигантот од Минхен.
Сепак, предност во ангажманот на Алонсо има Ливерпул, па тука Баерн ќе има голема конкуренција. Алонсо сигурно ќе си замине од Леверкузен, а се чека само официјална потврда. Тоа ќе се случи по крајот на сезоната, а сега Шпанецот е фокусиран кон трите трофеи кои може да ги освои со „фармацевтите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА