Тухел: Едноствано е зошто го оставив Лукаку на клупа, фудбалот е тимски спорт

Ромелу Лукаку беше купен од Челси за да прави разлика на најважните натпревари, но најголемото и најскапо засилување на клубот од Лондон синоќа не одигра ниту една минута во Лигата на шампионите.

Белгиецот остана на клупата на резерви цел меч против Лил и не доби шанса од менаџерот Томас Тухел, кој и покрај победата од 2-0, мораше да објаснува зошто го изостави напаѓачот и се реши да игра со Хаверц како „лажна деветка“.

Лукаку имаше очаен натпревар против Кристал Палас изминатиот викенд и цела англиска јавност говореше за неговите седум допири со топка во 90 минути, па Тухел нагласи дека тоа пресудило да го остави на клупа и да направи чекор назад со напаѓачот.

„Лукаку беше малку изморен, играше многу во последно време, натпревари со продолженија и имавме доста летови. Исто така, неговиот последен меч со Кристал Палас не беше најдобар, па затоа решив дека е најдобро да остане на клупа. По мечот со Кристал Палас, сите беа фокусирани на неговите неколку допири со топка и ако го игравме, ќе го фрлевме во оган. Беше момент да направиме чекор назад, а иако одигравме добро како тим, сите прашања за повразани за Ромелу. Има уште девет играчи кои не играа и не треба да заборавиме дека ова е тимски спорт. Сметам дека беше време да одмори“, изјави Тухел.

Се вчитува...