Англиската репрезентација на престојниот Мундијал би можел да остане без една од најголемите ѕвезди Џуд Белингем. Фудбалерот на Реал Мадрид е во аут поради повреда.
Иако ќе се опорави до почетокот на Светското првенство, сепак, Тухел нема да планира да го повика поради честите повреди, но и поради лошата форма на 22-годишниот фудбалер од средниот ред.
Тухел е подготвен на ваква одлука, а исто така кажа дека нема да смета на никого кој не е 100% подготвен за настап.
„Тухел е подготвен да го изостави Белингем од списокот на патници, ако не е 100 проценти подготвен. Пораката на селекторот е јасна – само играчите кои се во врвна форма, ќе патуваат на Мундијалот“, пишуваат англиските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

