Англискиот селектор Томас Тухел денеска го објави списокот на фудбалери за септемвриските квалификациски дуели со Андора и со Србија, а на него изненадувачки не се најде Трент Александер Арнолд.
Десниот бек летово го напушти Ливерпул и се пресели во Реал Мадрид, Трент се мачи да влезе во посакуваниот ритам, па Тухел реши тој воопшто да не биде дел од репрезентацијата за овој квалификациски прозорец. Селекторот реши да им даде предност на Рис Џејмс, кого своевремено го тренираше во Челси, како и на Ливраменто од Њукасл пред Александер Арнолд, што секако ќе биде дополнителен удар за самодовербата на овој фудбалер.
Очекувано во тимот ги нема повредените Белингем, Сака и Кол Палмер, а целата ситуација ја искористи Маркус Рашфорд кој доби нов повик во националниот тим.
Your 24 #ThreeLions players for September camp! 📋
— England (@England) August 29, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

