Баерн Минхен одигра одличен меч против Реал Мадрид, но сепак нема да патува со предност на реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ откако првата полуфинална пресметка заврши без победник, 2-2.
Томас Тухел не го криеше разочарувањето по конечниот исход од мечот, веднаш наоѓајќи го и виновникот за двата гола што ги постигна противникот. Станува збор за Кореецот Ким, кој не се снајде најдобро откако во последен момент влета во првата постава по повредата на Де Лихт и според Тухел беше главен виновник што Баерн не стигна до триумф.
„За жал, Ким беше премногу „алчен “ и во двете ситуации. При првиот гол, тргна прерано, претпоставуваше каде ќе оди таа топка од Тони Крос, згреши и Винисиус излезе сам. Тој ризикуваше, беше преагресивен, а Тони Крос го казни со она додавање. Кај вториот дел беа пет наши фудбалери против двајца на Реал. Немаше потреба од агресивен старт врз Родриго, особено што Дајер беше тука да му помогне. Ким го фаулираше Родриго, а тим како Реал само потврди дека е толку голем бидејќи ја казнува секоја грешка на противниците. Одиме понатаму, покажавме дека можеме да играме со Реал, верувам дека шансите пред реваншот се 50-50“, истакна Тухел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА