Томас Тухел нема да биде тренер на Баерн Минхен во наредната сезона, откако веќе донел одлука да ги разгледува само опциите за ангажман надвор од Германија. Ова го тврди влијателниот весник „Билд“, според кој Тухел веќе ги известил за ваквата одлука челниците на Баерн, кои ја почнале потрагата по наследник на Јуп Хејнкес.
Искусниот Хејнкес објави дека нема да продолжи да го води Баерн по завршувањето на сезонава, како идеален кандидат за свој наследник посочувајќи го токму Тухел. Управата го послуша трофејниот стратег и го контактираше поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, но од него добила неочекуван одговор.
Имено, Тухел е решен да работи во странство, а германските медиуми најавуваат дека тој е подготвен за преселба во Премиер-лигата. Вест хем му нуди богатство за да се пресели во Лондон, но многу поголеми се шансите за негова преселба на клупата на Арсенал, како наследник на Арсен Венгер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА