Тухел го враќа „отпишаниот“ фудбалер во репрезентацијата

Томас Тухел, новиот селектор на Англија, го најави враќањето на Бен Вајт во националниот тим. Дефанзивецот на Арсенал предвреме се врати дома поради лични причини за време на Светското првенство во Катар 2022 година и оттогаш не е во националниот тим. Никој не знаеше што се случи со играчот во тоа време. 

Ако му се верува на тогашниот селектор Саутгејт, наводно самиот Вајт побарал да не игра за репрезентацијата. Во меѓувреме Тухел го замени Саутгејт, и Германецот најави затоплување на односите помеѓу играчот и репрезентацијата.

„Ќе контактирам со него. Тоа треба да биде чист почеток и целосно јасен наратив за моите намери“, рече Тухел.

Вајт во досегашниот дел од кариерата собра само четири настапи во дресот на националниот тим. 

Се вчитува...