Тухел го згасна мундијалскиот сон на големата „ѕвезда“

Англискиот селектор Томас Тухел објави поширок список од 35 фудбалери кои ќе бидат дел од мартовскиот собир на „гордиот албион“, како последна проба пред завршниот мундијалски собир и настапот на СП 2026.

Како што најави Тухел, најпрвин ќе се соберат играчите кои досега немаат преголемо искуство во националниот тим, а потоа ќе им се приклучат најголемите „ѕвезди“. Неочекувано, во двете групи го немаше името на Трент Александер Арнолд, ѕвездата на Реал Мадрид што не добива шанса откако Германецот дојде на клупата на англискиот национален тим.

„Знам што може да ни донесе Трент, но сепак решив да одам со оние играчи кои ги имаме на списокот. Поважно ми е она што оние другите имаат го понудат, впрочем бевме одлични со нив во септември, октомври и ноември и не гледам причина да менувам“, изјави Тухел“, практично згаснувајќи го мундијалскиот сон на големиот ас. 

Тухел даде слично објаснување и за неповикувањето на Оли Воткинс од Астон Вила, но кога станува збор за Белингем, англискиот селектор обелодени дека офанзивниот играч за врска се уште се опоравува од повредата и по консултации со лекарскиот тим на Реал Мадрид решено е тој да продолжи во Шпанија со завршната фаза од рехабилитацијата.

Се вчитува...