Тухел изненади: Ги врати Рашфорд и Хендерсон во репрезентацијата, повика и играч од Чемпионшип

Селекторот на репрезентацијата на Англија, Томас Тухел, го објави својот прв состав за претстојните квалификациски натпревари на тимот во март. „Трите лава“ на 21 овој месец ќе ја пречекаат Албанија во меч на „Вембли“, а три дена подоцна во Лондон ќе пристигне Летонија. Германскиот тренер носи неколку интересни одлуки, а објавениот состав значително се разликува од последните селекции под водство на Герет Саутгејт и последователно неговиот привремен наследник Ли Карсли.

Враќањето на Маркус Рашфорд , кој падна во немилост на Манчестер Јунајтед , но по неговиот трансфер во Астон Вила, покажа враќање во форма и веќе забележа четири асистенции. Друго изненадувачко име меѓу повиканите е она на Џордан Хендерсон , кој моментално е играч на Ајакс , како и на младиот талент на Арсенал , Мајлс Луис – Скели.

Меѓу избраниците на Тухел се и Ден Бирн, за кого ова не е прв повик, но се уште не дебитирал за тимот, како и Морган Роџерс , кој дебитираше на крајот на минатата година. Интересна е и одлуката да се повикаат четворица голмани, кои покрај очекуваните имиња на Џордан Пикфорд и Дин Хендерсон , се враќаат и Арон Рамсдејл и Џејмс Трафорд, кој моментално настапува во Чемпионшип со Барнли.

Тухел се реши да не ги повикува Хари Мегваер, Конор Галагер и Морган Гибс-Вајт.

Се вчитува...