Селекторот на Англија, Томас Тухел, изненадувачки го вклучи напаѓачот на Ал-Ахли, Иван Тони, во националниот тим за квалификацискиот натпревар за Светското првенство со Андора и пријателскиот натпревар со Сенегал. Напаѓачот беше дел од репрезентацијата за Евро 2024, но не е повикан откако го напушти Брентфорд за трансфер во Саудиска Арабија. Досега, тој има 22 гола на 29 натпревари за Ал-Ахли .
Фил Фоден не е вклучен во составот , бидејќи самиот побара пауза поради своите физички и ментални проблеми. Хари Мегваер и Лук Шо исто така не се повикани. Во проширениот состав нема играч од Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити или Тотенхем.
Дефанзивецот на Челси, Трево Чалоба, го доби својот прв повик во репрезентацијата.
Thomas Tuchel’s #ThreeLions squad for June is here! 👀🏴
— England (@England) May 23, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

