Германецот Томас Тухел е подготвен да им даде шанса на сите играчи да се докажат од „нула“, но веќе има и желба за ново засилување.
Целта на германскиот стратег е да ја засили одбраната, која е најслабата алка во составот од „Стемфорд Бриџ“, а првиот „пик“ е стоперот на Лајпциг, Дајо Упамекано, за кој се заинтересирани и други европски гиганти. 22-годишниот Французин има откупна клаузула од 43 милиони евра, која ќе важи од претстоечкото лето, но желбата на Челси е да го доведе стоперот до крајот на овој преоден рок.
Она што би можело да биде пресудно за Французинот да одлучи да се пресели во Лондон е тоа што Тухел течно говори француски, а таму го чека и поранешниот соиграч од Лајпциг, Тимо Вернер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

