Тухел ја понижи германската легенда: Прашајте го него, тој е стручњак…

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел претрпи доста критики од страна на легендарниот Лотар Матеус. Матеус после елиминацијата на Баерн во Купот од Сарбрикен упати тешки зборови против Тухел, а на овој не му требаше многу време да му врати.

Тухел се поздрави со него, но не го погледна во текот на интервјуто за „Скај Спорт“ после победата во Дортмунд од 0-4.

„Дури и со тензија помеѓу играчите и тренерот и мал напредок на тимот кој постигнува, успеавме убедливо да победиме тука. Многу изненадувачки резултат. Зошто моментално ја играме нашата најдобра партија? Прашајте го Лотар. Тој е стручњак“, рече иритантно Тухел по дербито во Дортмунд.

Матеус со насмевка се обиде да го смири Тухел, а овој му одговори брутално.

„Да сте задоволни од нашето ниво, би било и Велигден и Божиќ во исто време“, рече тренерот.

Се вчитува...