Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел изјави дека нема намера да се предомисли и истакнал дека дефинитивно ќе го напушти минхенскиот клуб на крајот на сезоната, пренесуваат германските медиуми.
Тухел во февруари годинава се договори со челниците на Баерн да му го раскинат договорот на крајот од сезоната. Германскиот тренер имаше договор со клубот од Минхен до јуни 2025 година, но поради лошите резултати на Баерн, двете страни се договорија за предвремен прекин на соработката.
„Баерн активно бара нов тренер откако се договоривме за раскинување на соработката. Претпоставувам дека тоа го правеа уште пред да го склучиме договорот. Многу ми е лошо ако дојдат и речат: „Ќе се обидеме пак со тебе“. Не, што се однесува до мене, таа приказна е завршена, се е јасно“, изјави Тухел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА