Баерн Минхен вечерва од 21 часот против Манчестер јунајтед го игра првиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.
Стратегот на Баерн, Томас Тухел смета дека Јунајтед е опасен од контранапади, и тоа е најголемата опасност за неговиот тим.
„Лигата на шампионите е најголемото натпреварување во Европа, а за мене од посебно значење би било да играме финале кое сезонава ќе се игра на Вембли, но тоа е се уште далеку. Патот кон таму, во секој случај, ни почнува од мечот со Јунајтед во групата која е исклучително предизвикувачка“ – вели Тухел и дополнува:
„Јунајтед е најопасен токму во моменти кога ќе помислите дека го контролирате натпреварот. Со нив никогаш не се знае. Одлични се во транзиција, посебно Бруно Фернандеш, Рашфорд и Хејлунд. Брзи и вешти. Ќе биде тешко до посакуваната победа“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

