Тухел: Катастрофална грешка на судијата, не ни досуди пенал

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел беше бесен на судијата после првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите во Лондон против Арсенал, кој заврши 2-2.

Тухел се лутеше затоа што сметаше дека требаше да биде досуден пенал за неговиот тим, откако Габриел играше со рака, и покрај тоа што голманот Раја веќе му ја додаде топката. Габриел ја зема и сакаше тој да го изведе гол-аутот, но тоа не беше доволно за пенал.

„Судијата направи огромна грешка. Топката беше на тревата, свирна да се изведе гол-аутот, а играчот ја зеде топката во раце. Но, најмногу ме налути објаснувањето. На нашите играчи им кажа дека е детско, и дека нема да досуди пенал во 1/4 финале во Лигата на шампионите за такво нешто. Страшно објаснување. Не е важно дали грешката е детска или не. Бесни сме затоа што сме оштетени“, рече Тухел.

Околу самиот меч, Тухел коментираше:

„Мислам дека можевме да победиме. Коман ја погоди стативата, судијата не ни досуди пенал. Знаевме дека мораме да одиграме многу подобро отколку против Хаденхајм. Стигнавме до реми на гости. На реваншот ќе ни треба иста страст“, рече Тухел.

 

Се вчитува...