Тухел кажа НЕ: Челси се откажа од Роналдо

Челси повеќе не е заинтересиран за услугите на Кристијано Роналдо откако Томас Тухел јасно ставил до знаење дека португалскиот ас не му е потребен за да состави победничка екипа со која би атакувал на трофејот во Премиер-лигата.

Новите американски газди на Челси сакаат да доведат маркантно засилување и Роналдо делуваше како идеална опција, откако Португалецот јасно стави до знаење дека не сака да остане во Манчестер Јунајтед и за наредната сезона. „Сините“ го испратија Лукаку назад во Интер, отворајќи место во нападот за врвно засилување, но Тухел е убеден дека Роналдо не би бил толкав „плус“ во оваа екипа.

Имено, трофејниот стручњак настојува на создавање на врвен колектив пред екипа со „ѕвездени индивидуалци“, откако имаше можност да работи во таква средина во ПСЖ предводен од Мбапе и од Нејмар.

Пораката до газдите била јасна – Роналдо воопшто не му е потребен на Челси, по што поранешниот европски првак и официјално се откажал од намерата за ангажман на Кристијано, прекинувајќи ги разговорите со неговиот агент Жорге Мендеш.

Се вчитува...