Тухел: Ќе играме се додека имаме дресови и гориво во автобусот, кога има невреме останувате заедно…

Британската влада го замрзна имотот на Роман Абрамович, а со тоа создаде сериозни проблеми за неговиот клуб, Челси. „Сините“ најверојатно ќе останат без поголемиот дел од спонзорите, а новинарот на Телеграф, Сем Волис тврди дека забраната опфаќа и лимит од 20 илјади фунти на буџетот за гостување.

Со тоа се поставува прашањето како актуелниот шампион на Европа ќе успее да организира гостувања, пред се она во Лигата на Шампионите против Лил. Но, во таборот на Челси владее оптимизам, а по вчерашниот натпревар против Норвич на оваа тема говореше и Томас Тухел кој вели кога ќе дојде невреме, се собирате заедно за да бидете посилни, издржувате заедно, а потоа сте посилни.

„Верувам на луѓето кои се одговорни и верувам на владата дека ќе најде решение кое ќе ни овозможи да ја продолжиме сезоната нормално и во летото ќе одлучуваме за што понатаму. Можеби ќе имаме проблем да најдеме доволно дресови со кои ќе играме, но се додека имаме доволно дресови и додека автобусот е полн со гориво ќе дојдеме на натпревари и ќе бидеме компетативни. Тоа е тоа што можеме да го кажеме и тоа е тоа што го бараме од самите себе. Гога ќе дојде невреме, се собирате заедно за да бидете посилни, издржувате заедно, а потоа сте посилни“, изјави германскиот стратег.

Се вчитува...