Тухел купува бек од Галатасарај

Томас Тухел има големи проблеми сезонава во германската Бундеслига откако Баерн Минхен по 11 години може да ја загуби титулата во германскиот шампионат.

Покрај заостанувањето од четири бода зад Баер Леверкузен, Тухел има големи проблеми и со повреди, посебно во одбраната. Како би ги пополнил дупките, Тухел оваа зима ќе пазари од Галатасарај од каде ќе го купи десниот бек Саша Бои.

23-годишниот Французин од 2021 година е стандарден првотимец на турскиот великан, а претходно беше дел од француските Рен и Дижон.

 

Се вчитува...