Тухел лут: Некои играчи можат многу повеќе…, во Белград ќе треба многу подобро

Селекторот на Англија, Томас Тухел е лут на дел од своите играчи по победата од 2-0 на „Гордиот Албион“ против Андора.

Англичаните се мачеа за да дојдат до лесна победа, а Тухел е лут зата што сега доаѓа најтешкиот тест за неговата репрезентација, бидејќи Англичаните патуваат во Белград каде што ќе играат против Србија. Па,  Тухел најави промени во составот.

Тухел именуваше тројца играчи за кои сметаше дека требало да понудат повеќе против Андора, но го пофали Андерсон.

„Андерсон беше многу, многу, многу добар. Беше малку нервозен во текот на неделата, но беше многу добар, се обиде и се снајде добро. Сепак, ни недостасуваше да ја забрзаме играта во одредени моменти. Можеби Ебз (Еберечи Езе) можеше да има подобар ден на својата позиција, додавањето на Мадуеке не беше добро, а Рашфорд можеше да постигне и неколку гола. Такви работи се случуваат против просечни тимови. Моравме да го постигнеме тој втор гол порано за да добиеме слобода во играта. Научивме многу и сум среќен за играчите. Сега сакаме да покажеме што вистински можеме против Србија во Белград“, изјави Тухел.

Јасно е дека Англичаните против Србија сакаат да победат на гостински терен, но ако играат како синоќа, прашањето е дали ќе го постигнат тоа.

Се вчитува...