Тухел: Мораме повеќе да „гриземе“

Баерн Минхен ги испушти првите бодови во новата сезона во Бундеслигата откако во дербито на четвртото коло ремизираше против Баер Леверкузен со 2-2 во натпревар во кој баварците примија гол во четвртата минута од судиското продолжение на второто полувреме.

Тренерот Томас Тухел не го криеше разочарувањето од загубата на значајните бодови и изјави дека неговиот тим треба да биде поагресивен на натпреварите.

„Делуваше дека среќата е на наша страна, но тогаш беше донесена одлука да биде досуден пенал против нас. Секогаш боли кога ќе примите гол така доцна во натпреварот. Тоа беше резултат кој беше заслужен за тоа што го видовме на теренот, но јасно е дека секогаш сакаме три бода.

Во првите 20 минути игравме добро, но во другите 20 бевме многу лоши и правевме многу грешки. Имавме проблеми да бидеме компактни. Моравме повеќе да „гриземе“, повеќе да напаѓаме во индивидуалните битки“, изјави германскиот стратег.

Се вчитува...