Репрезентацијата на Англија стартуваше со победа во квалификациите за Светското првенство во 2026 година во Канада, Мексико и САД.
Горди Албион ја совлада албанската селекција на „Вембли“ со 2-0.
Селекторот Томас Тухел дебитираше на клупата на англиската репрезентација. Неговите избраници не прикажаа допадлива игра, но ја контролираа ситуацијата на теренот од првата до последната минута.
„Можеме и мораме подобро. Почнавме добро, имавме седум-осум минути со стопроцентен посед на топката со многу додавања и одлична енергија. Сепак, тешко е да се скрши противникот бидејќи се бранеше со сите фудбалери. Во вториот дел беше јасно дека бевме премногу бавни… Ни недостигаше поголема одлучност и уфрлување зад последната линија на противникот“, изјави Томас Тухел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА