Тухел му се извини на Милер: Знам дека му е тешко…

Баерн Минхен влезе во победнички ритам, но тренерот Томас Тухел се соочува со нов проблем – поради премалата минутажа што му ја дава на Томас Милер.

Искусниот офанзивец важи за еден од „сенаторите“ во тимот, но сезонава Милер одигра вкупно 256 минути. Тој мина само две минути на теренот против Мајнц, а на последниот дуел во ЛШ против Галатасарај германскиот ас долго се загреваше, но не влезе во игра, за што доби и извинување од тренерот.

„Знам дека направив грешка со тоа. Сакав да го внесам во игра, но по тој трет гол почувствував дека се е готово и се премислив. Знам дека тоа е моја грешка и му се извинив. Фактот е тој, исклучително сме силни во нападот, конкуренцијата е огромна, а Томас е навикнат да биде стартер, тоа било случај со години наназад. Знам дека му е тешко, тоа е сосема нормално, но верувам дека ќе го направи уште погладен секогаш кога ќе излезе на терен“, изјави Тухел.

Се вчитува...