Неизвесната иднина на Ерик тен Хаг го врати Томас Тухел како еден од главните кандидати за наследник на холандскиот стратег на „Олд Трафорд“. Сепак, последните информации говорат дека Тухел по летните неуспешни преговори нема намера да застане на чело на „црвените ѓаволи“, но лесно може да се случи наскоро да дојде во Англија, и тоа како селектор на оваа репрезентација.
Добро познато е дека Англичаните се во потрага по нов кормилар за националниот тим, Ли Карсли е именуван како привремено решение додека не биде донесена конечна одлука за наследник на Герет Саутгејт, а последните информации од Германија говорат дека Тухел е новиот фаворит во оваа трка.
Челниците на ФА не сакаат да флертуваат со Пеп Гвадиола кој очигледно до крајот на сезонава ќе тактизира дали да потпише нов договор со Манчестер Сити, поради што веќе ги интензивирале преговорите со Тухел со кого имале првичен контакт пред повеќе од еден месец. Според германските медиуми, во следните денови се очекуваат нови директни разговори на Тухел со водечките луѓе на англискиот фудбал, а ако се биде во најдобар ред договорот би бил потпишан до крајот на овој месец, а би стапил на сила од 1 јануари 2025 година.
Томас Тухел е добро познат на англиската фудбалска јавност уште од времето минато во Челси, откако го предводеше овој тим до титулата во Лигата на Шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА