Тухел не направи ниту една измена, па им се извини на играчите

Баерн Минхен на отворањето на 12. коло во Бундеслигата, го победи Келн со 1-0 со голот на Хари Кејн. Интересно е тренерот на „Баварците“ Томас Тухел не направи ниту една измена. Тоа беше прв тренер на Баерн кој не искористи ниту една измена во последните 13 години, уште од Луј Ван Гал во 2010 година.

На клупата цел натпревар остана и искусниот Томас Милер, еден од долгогодишните играчи на Баерн. Тухел по натпреварот објасни зошто не направил ниту една замена.

„Не сакав да го нарушам ритамот на натпреварот. Ова не ми се случува, и им се извинив на играчите на клупата. Милер? Цело време размислував да го внесам, ако дадевме втор гол сигурно ќе беше на теренот“, рече после натпреварот.

Се вчитува...