Тухел: Не се обидувам да ме сакаат во соблекувалната, подготвен сум на критики!

Тренерот на Челси, Томас Тухел, истакна дека на своите тренинзи нема да применува поинакви програми од она што е негов стил, а ниту ќе се обидува да прави било што само за да ја добие љубовта од неговите играчи во соблекувбалната. Тој напомена дека прифаќа критики, но на критики треба да бидат подготвени и играчите.

„Фактот што се обидувам да бидам љубезен кон вас во медиумите, не значи дека премногу се трудам да ме сакаат во соблекувалната. Кога сум задоволен од нивниот став, посветеност и игра, тоа им го велам на играчите. Не гледам причина да молчам. И дали им викам? Доколку е потребно, да. Ако го правев тоа цело време, никој нема да ме слуша постојано, го кревам гласот само кога е потребно. За мене е важно да си веруваме едни на други“, рече Тухел.

Германски тернер откри и како се справува со проблемите во соблекувалната.

„Никогаш нема да казнам или навредам играч пред целиот тим, тоа е неприфатливо. Но, ако треба да укажеме јасно на некои работи, тогаш целиот тим ќе биде присутен. Ако нечие однесување му штети на тимот и предизвикува проблеми, тоа треба да им го кажеме индивидуално на играчите, но секој мора да биде подготвен да прифати критика пред другите. Сакам да разговараме отворено, да бидеме јасни и искрени. Повторувам, не правам работи за да ме сакаат во соблекувалната,“ заклучи Тухел.

Челси врза три победи во Премиер лигата и во моментов е петти на табелата. Тимот од Лондон вечерва го пречекува Њукасл, на овој натпревар Челси е апсолутен фаворит, па се очекува лесно да дојде до нова победа.

Се вчитува...