Томас Тухел е еден од кандидатите од следната сезона да го преземе тимот на Милан, пренесуваат италијанските медиуми.
Тухел на крајот на сезоната го напушта Баерн Минхен, а раководството на миланскиот клуб го гледа меѓу кандидатите за нов шеф на стручниот штаб. Милан преговара со Серџо Консеисао, но доколку пропаднат преговорите со Португалецот, подготвени се за разговори со Томас Тухел.
Баварскиот тим ќе се раздели со Тухел откако ја загуби трката за титулата во Бундеслигата. Но, Баерн Минхен го очекува реванш полуфиналниот натпревар со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА