Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел вели дека ситуацијата околу Нејмар е работа на клубот, но дека воопшто не е изненаден од тоа што се случува во последно време. Иднината на 27-годишниот Бразилец е предмет на бројни шпекулации летово, а најмногу се зборува околу неговото враќање во Барселона.
„Секогаш сум разочаран кога моите играчи доцнат на тренинзи. Ситуацијата е јасна меѓу нас, но сега се е на клубот. Ние работиме заедно. Дали знаев дека сака да оди? Да, дознав пред Копа Америка. Но, тоа е нешто што е меѓу клубот и него“, изјави Тухел.
Нејмар во редовите на „светците“ стигна во летото 2017. за рекорден трансфер од 222 милиони евра, а во двете сезони со клубот од Париз ја освои титулата во домашното првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА