Томас Тухел веќе ја заврши приказната со Челси и тоа откако клубот на чело со Тод Боли одлучи да му даде отказ по поразот на екипата од Динамо Загреб во Лигата на шампионите.
Овој потег на „сините“ никој не го очекуваше и беше вистински шок за јавноста, навивачите и самиот Тухел, а тоа најдоброт се гледа по неговата емотивна изјава во која за првпат отвори по она што го доживеа на „Стемфорд Бриџ“
„Ова е една од најтешките изјави што некогаш сум морал да ги напишам – една за која се надевав дека нема да има потреба да ја напишам уште многу години. Потресен сум што моето време во Челси заврши. Ова е клуб во кој се чувствував како дома, професионално и лично. Му се заблагодарувам на целиот персонал, играчите и симпатизерите што ме натераа да се чувствувам добредојден од самиот почеток. Чест ми е што бев дел од историјата на овој клуб и сеќавањата од последните 19 месеци секогаш ќе имаат посебно место во моето срце“, изјави Тухел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

