Тухел „полуде“ на Белгиецот: Лукаку нема да биде ниту резерва против Ливерпул

Томас Тухел реши да го казни Ромелу Лукаку за последното интервју во кое го критикуваше тренерот и клубот, па напаѓачот на Челси нема да биде ниту на клупата за резерви на денешното дерби против Ливерпул.

Лукаку во интервју за италијанските медиуми говореше за желбата да се врати во Интер во иднина, откривајќи дека е несреќен во Челси, поради ситуацијата во клубот, но и поради тактиката на која инсистира Тухел. Стратегот на „сините“ изјави дека е шокиран од ваквите ставови на најскапото клупско засилување, а 24 часа подоцна следеше и конкретен одговор од германскиот стручњак.

Телевизијата ББЦ и неколку специјализирани фудбалски медиуми тврдат дека Лукаку целосно ќе го пропушти дуелот со Ливерпул, откако Тухел решил да не го вклучи во составот за пресметката со „црвените“. Останува да се види дали Белгиецот ќе се најде на трибините на „Стемфорд бриџ“, или пак ќе добие наредба од клубот големото дерби да го следи од  својот дом.

Се вчитува...