Тухел постави приоритет: „Трансфер кој мора да се реализира ако Баерн сака да ја освои Лигата на шампионите“

Томас Тухел не се прослави многу по доаѓањето на клупата на Баерн Минхен. Испадна од Купот, потоа и од Лигата на шампионите, следеа компликации и во Бундеслигата иако таму неговиот тим и натаму е лидер пред Борусија Дортмунд.

Сепак, јасно е дека Тухел мора да размислува за освежување на тимот во преодниот рок, како би бил повторно конкурентен во Европа.

„Големите екипи во Лигата на шампионите, оние кои доминираат во тоа натпреварување, имаат број 9 од светска класа. Сите го бараат, сите го сакаат. И таков трансфер ние мора да реализираме“ – вели Тухел, кој очигледно како приоритет во трансферниот рок постави класичен напаѓач.

Баерн сезонава се базираше на крилни напаѓачи, но јасно е дека им недостасува напаѓач од типот на Роберт Левандовски. Според германските медиуми, на мета на Тухел се Хари Кејн од Тотенхем, Виктор Осимен од Наполи и Гонсало Рамос од Бенфика.

Експериментите со Садио Мане, Томас Милер или Чупо-Мотинг не дадоа вистински резултат, па Тухел барам само напаѓач од светска класа за да го врати Баерн на врвот.

Се вчитува...