Тухел: Постои неизвесност во Челси, би сакал да останам тука, но…

Откако Роман Абрамович објави дека ќе го продава Челси, тренерот Томас Тухел ја објаснува атмосферата која владее во лондонските „сини“ во моментов. Тој вели дека се чувствува неизвесност, но се надева дека ќе продолжи да работи со тимот и дека нема ништо да се смени.

„Откако игравме со Лутон, дојде Петр Чех и не извести дека Абрамович ќе го продава клубот. Рој разговараше со сите луѓе кои работат во тимот, и со играчите и ја објасни ситуацијата. Немаше нешто што ни беше непознато, и мораме да живееме во овие околности. Нема многу потреба да се грижиме, затоа што ние немаме никакво влијание“, изјави Тухел.

Беше прашан и за својата иднина откако Абрамович ќе го продаде клубот на други сопственици, кои можеби ќе донесат свој терен.

„Челси за мене е совршено место и сакам да останам. Се надевам дека ќе продолжам. Секогаш има неизвесност кога си тренер, но јас сум оптимист дека се ќе се реши добро за клубот“, вели германскиот тренер.

Се вчитува...