Томас Тухел на крајот на сезоната ќе си замине од Баерн Минхен, откако двете страни уште пред две недели се договорија за прекин на соработката, по завршувњаето на овој шампионат.
Баерн има шанси само уште за Лигата на шампионите, додека минимални се оние да ја одбрани титулата во Бундеслигата, додека во Купот „Баварците“ се елиминирани од третолигаш.
Од Англија доаѓа сензационална вест дека Тухел би можел да се врати во Челси, каде би го заменил Покетино, кој се наоѓа пред отказ поради слабите резултати. Тухел како тренер на Челси се закити со трофејот во Лигата на шампионите, како и УЕФА Супер-Купот и ФИФА Светското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА