Томас Тухел и Баерн Минхен се подготвуваат за првиот меч од Лигата на Шампионите против Реал Мадрид што на програмата е во вторник, а трофејниот стручњак им подели значајни совети на своите избраници.
Според него, клучно за да се стигне до позитивен резултат ќе биде да се најде начин да се неутрализира Тони Крос, кој ги влече конците во играта на Реал Мадрид.
„Големината на Реал Мадрид е што секој играч е многу важен во системот на игра на Анчелоти. Белингем и Винисиус се „ѕверови“ во навалната линија, но за мене најважен е Тони Крос. Мораме да го исфрлиме од ритам, да не се чувствува комфорно на средината на теренот. Тој ја движи целата игра на својот тим на специфичен начин, ако игра Тони Крос, игра цела екипа и затоа мораме да најдеме начин да не му дозволиме да влијае на мечот онака како што тоа вообичаено го прави“, изјави Тухел.
Тој се соочува со сериозни проблеми откако Матијс де Лихт и Лајмер не тренираа денеска и најверојатно ќе го пропуштат првиот дуел од двомечот со Реал Мадрид по повредите заработени на вчерашниот дуел со Ајнтрахт.
На денешниот тренинг не се појави ниту Џамал Мусиала, но се очекува германскиот репрезентативец да биде „фит“ за да биде старер против Реал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА