Тренерот на Баерн Минхен во заминување Томас Тухел, изјави дека не е единствен одговорен за лошата форма на екипата сезонава, и се надева дека одлуката да замине по крајот на сезоната ќе му донесе мир нему и на играчите на екипата до крајот на шампионатот.
Тој исто така најави дека ќе биде уште подиректен во спроведувањето на идеите, затоа што повеќе не мора да се грижи за последиците.
„Никогаш не сум чувствувал дека ние како стручен штаб престанавме да ја вршиме нашата работа. Секако дека тренерот е одговорен, и ја преземам одговорноста. Но, мислам дека не сум единствениот проблем на Баерн. Долго време не сум задоволен од начинот на кој играме. Сега имаме нова ситуација, таа веќе е кажана. Единиствениот проблем не сум јас“, изјави Тухел.
Останува да се види реакцијата на тимот на Баерн по најавеното тренерско заминување, веќе на утрешното бундеслигашко дерби на домашен терен против Лајпциг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА