Тухел: Приоритет се засилувања во одбраната, но не сакам да отпишам и напаѓачи

Челси ги надмина проблемите по заминувањето на Роман Абрамович од тимот и со новиог газда Тод Боели влезе во нова ера. Првото засилување за „сините“ под раководство на Американецот е Рахим Стерлинг, но се уште останува непополнета „дупката“ во одбраната по заминувањата на Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен.

Токму за тоа говореше и германскиот стратег Томас Тухел кој не ја исклучи можноста за нови засилувања во нападот, но како приоритет остануваат стоперите.

„Не сакам да отпишам доаѓање на нови напаѓачи, но морам да кажам дека тоа во моментот не е приоритет. За нас е најдобро да се засилиме во одбрана и тоа не го криеме. Ќе видиме што се случува на трансфер маркетот“, изјави Германецот кој се осврна и кон ривалите од Премиерлигата.

„Се натпреваруваме против два врвни клубови, а и Тотенхем беше многу активен и агресивен во раната фаза на преодниот рок. Тие сега го имаат можеби и најдобриот тим во историјата. Со нов врвен тренер не се страми од засилувања ниту Манчестер Јунајтед, а Арсенал веќе доведе големи играчи. Затоа мораме да останеме конкурентни и да го задржиме нивото“.

Калиду Кулибали би требало во текот на денешниот ден и официјално да го комплетира трансферот во Челси, но лондонскиот клуб преговара за уште двајца нови централни дефанзивци, Кимпембе од ПСЖ и Аке од Манчестер Сити.

Се вчитува...