Тухел: Рис Џејмс го заслужи ова

Англија ја забележа втората победа во квалификациите за Светското првенство, откакоЛетонија беше поразена со 3-0 на Вембли, а селекторот Томас Тухел беше особено задоволен од настапот на Рис Џејмс.

Десниот бек на Челси по две и пол години се врати во стартниот состав на Гордиот Албион и го постигна својот прв гол во репрезентативниот дрес. Тоа го направи на феноменален начин од слободен удар.

„Го познавам Рис и знам колку е добар. Тој е неверојатен. Тој има право да биде горд и среќен за тоа како го одигра овој меча. Во одлична форма е, а во однос на квалитетот не може да има сомнеж“, изјави Тухел.

Се вчитува...