Тухел: Титулата е во рацете на Баерн Минхен

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел зборуваше пред утрешниот меч со Шалке во Бундеслигата, како и за финишот на сезоната во кој „Баварците“ влегуваат со мала предност пред Борусија Дортмунд во битката за титулата.

Стручњакот ја коментирајќи ја борбата за титулата, кажа дека сите работи сега зависат само од Баерн Минхен.

„Имаме се за освојување, и ништо за губење. Титулата е во рацете на Баерн, но ние треба да се бориме за неа. Затоа ја бркаме. Имаме еден бод предност, таа е во наши раце, ја гледам само во мојот тим“, рече Тухел.

Се вчитува...