Тухел: Уживам, Вернер е посилен од натпревар во натпревар…

Томас Тухел успеа да го препороди составот на Челси. По неговото пристигнување во Лондон, „сините“ не знаат за пораз, а не четири одиграни средби имаат учинок од три победи и едно реми со гол разлика 5-1.

По последната победа, која беше забележана на гостински терен против Шефилд Јунајтед, Германецот изјави дека ужива во секој натпревар, а имаше и пофални зборови за својот сонардоник, Тимо Вернер.

„Овој тип на фудбал е прилично цврт, физички и со многу квалитет кој никогаш не престанува. Апсолутно е неопходно да се понуди максимумот на секој натпревар. Задоволството е и за самиот тренер, ние го правиме она што сакаме, а засега оди како треба. Имаме тим кој е подготвен и сака да победува. Тоа го создава победничкиот менталитет, а се осеќа чим ќе влезете низ врата во нашиот тренинг центар“ – изјави Тухел.

По неговото пристигнување на „Стемфорд Бриџ“ далеку подобро заигра и Тимо Вернер, кој во вчерашниот меч беше засилужен за двата гола на Челси. Германецот прво асистираше за првиот погодок на Маунт, а потоа изнуди и пенал кој го постави и конечниот резултат.

„Тоа беше брилијантен спринт за првиот гол, а пред вториот донесе добра одлука да го заобиколи голманот. Тоа нам ни го донесе и одлучувачкиот пенал. Дуелот против Тотенхем му даде ветер во грбот, осеќам дека е посилен од натпревар во натпревар, овој пат тоа се одрази и ментално и физички. Тој ни ја донесе предноста“ – додаде германскиот стратег.

Се вчитува...