Тухел: Вежбавме пенали за финалето против Сити

За разлика од Пеп Гвардиола, Томас Тухел го брка својот прв трофеј во Лигата на шампионите. Тој не успеа како тренер на Пари Сен Жермен минатата сезона, откако го загуби финалето против Баерн.

И во финалето оваа година, неговиот Челси не е фаворит на хартија, но ако некој знае како „Граѓаните“ победуваат, тогаш тоа е Тухел. Со Челси, тој беше единствениот што ги победи двапати годинава.

Челси првпат излезе како победник на 17 април во полуфиналето на ФА купот на Вембли (1-0). По втор пат на 8 мај, на гости во Премиерлигата. „Сините“ го свртеа резултатот во второто полувреме и славеа со 2-1.

Тухел е свесен дека нема да биде лесно да се победи Гвардиола три пати за еден месец и половина, сепак изјави дека неговиот тим е максимално подготвен за овој предизвик.

„Секогаш е тешко против Гвардиола. И сега кога го води Сити, но и порано кога ги тренираше Баерн и Барселона. Тој има победнички менталитет и тоа им го пренесува на своите тимови.Пеп знае како да го извлече најдоброто од играчите и да им влее доверба во нив. Тој досега имал толку многу успеси во својата кариера“, изјави Томас Тухел.

Челси е подготвен за уште една фудбалска „војна“ со Сити. Тие се подготвени и за можни продолженија и изведување на пенали. Тухел го коментираше и неодамнешното финале во Лигата на Европа помеѓу Јунајтед и Вилјареал во Гдањск, кое Шпанците го добија по подобрата пенал серија со 11-10!

„Тоа изведување на пенали (во финалето од Лига Европа) беше фантастично. Мислам на квалитетот на пенал рулетот. Не сум сигурен дека некогаш сум видел вакво нешто порано. Ние се подготвивме и точно знаеме кој може да шутира пенали, доколку дојде таков момент за решавање на финалето. Но, никогаш не знаете што може да се случи за време на еден натпревар и дали вашите играчи ќе го завршат мечот. Во секој случај, ако има пенали, сите ќе бидеме заедно во тоа“, заклучи Томас.

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...