Баерн Минхен изминатото лето стигна до врвно засилување во Хари Кејн. Англискиот репрезентативец блесна во настапите за баварците каде веќе постигна 21 гол на 16 одиграни натпревари со што го предводи тимот од „Алијанц Арена“.
А, говорејќи за француските медиуми Томас Тухел ја откри и следната голема желба. Тоа е Килијан Мбапе за кој германскиот стратег вели дека ќе оди по него и со велосипед.
„Дали го сакам Мбапе во Баерн? Јасно е дека секој би го сакал во својот тим. Килијан е фантастичен фудбал. Неверојатно интелигентен и добар дечко. Имаме добар однос и доколку сака да дојде кај нас ќе отидам по него со велосипед“, вели Тухел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА