Тухел за можноста Нагелсман да го презеде Челси: „Нема да му треба мој совет“

Томас Тухел сосема неочекувано го наследи Јулијан Нагелсман на клупата на Баерн Минхен. Тој одлично дебитираше на клупата на „Баварците“, со победа во големото дерби против Борусија Дортмунд со 4-2, и го врати тимот на врвот во Бундеслигата.

Нагелсман во моментов е без работа, но според најавите тоа може многу брзо да се смени, односно тој да седне на клупата на Челси, екс клубот на Тухел со кој ја освои европската шампионска титула.

Тухел беше прашан кој совет би му дал на Нагелсман доколку се реши да го презеде Челси, тој одговори:

„Јулијан нема да ми побара совет, затоа што нема да му треба. Вчера на телефонот добив информација за отпуштањето на Грем Потер“, изјави Тухел.

Сепак, проблем може да биде обесштетувањето кое што Челси треба да го плати на Баерн, со оглед дека Нагелсман и натаму е на платен список на „Баварците“.

Се вчитува...