Менаџерот на Челси, Томас Тухел, по поразот од Ливерпул во финалето на англискиот Лига куп, истакна дека не очекува нешто да се промени во клубот по одлуката на сопственикот Роман Абрамович да го напушти.
Поради притисокот на јавноста, рускиот милијардер го препушти раководството на клубот од „Стемфорд Бриџ“ на поверениците на добротворната фондација Челси.
„Мислам дека ништо нема да ми се менува на дневна основа. Јас така го разбирам. Во близок контакт сум со Марина Грановскаја и Петар Чех, кои го водат првиот тим. Мислам дека нашите способности нема да се променат по тие вести“, рече Тухел.
„Сините“ беа поразена од Ливерпул со 11-10 (0-0) во финалето на Лига купот по изведувањето пенали, а единствениот пенал на „Вембли“ го промаши резервниот голман на тимот од Лондон, Кепа.
Thomas Tuchel on Roman Abramovich statement: “I think it will change nothing for me on a daily basis. That’s how I understand it”. 🔵 #CFC
“I’m in close contact with Marina & Cech to the run the first team… I think our ability will not change with the news”, via @Dan_KP. pic.twitter.com/FrxouqxatQ
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) February 27, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА