Тухел за шпекулациите за преземање на Јунајтед: Сакам да работам во Челси

Тренерот на Челси, Томас Тухел денеска ги коментираше гласините дека би можел да биде идниот менаџер на Манчестер Јунајтед. Германецот се поврзува со трансфер на „Олд Трафорд“, но засега предводникот на „сините“ ги демантираше.

„Шпекулациите за Јунајтед? Посветен сум максимално во Челси. Сакам да работам во овој клуб, кој има се што е потребно да ме направи среќен“, рече Тухел.

Германецот дојде во Челси минатата сезона, и веднаш го освои трофејот во Лигата на шампионите. Тој со ПСЖ играше во финалето. Претходно беше дел од Борусија Дортмунд и од Мајнц.

Освен Тухел, во комбинација за Јунајтед се и Тен Хаг и Покетино.

Се вчитува...